21/02/2012 |
» Eagainst
Откога економската олигархија и неолиберализмот се шират во повеќе земји, со зголемени трагични последици за повеќето граѓани (невработеност, сиромаштија, потиснување на нашите политички права и слободата на изразување), потребата за иницијативи и акции, во самото општество, изгледа како императив.
Само пред една година, искусивме значаен настан: арапската пролет. Народот во Египет, Тунис и во целиот арапски свет, ни покажаа дека постои и друг начин, освен економското, политичкото и општественото поробување. И ние ги прифативме и поддржавме како што треба. Соодветно, овие денови, големи демонстрации избувнаа во Грција, Португалија и Романија, заживување на зовриениот бес, се заканува да се удави нашиот стар политички систем, кој работи за доброто на броевите, а не за луѓето. Што е нашиот став, сепак, во врска со овие настани во Европа? За разлика од арапската пролет, многу Европјани се задоволни со репродуцирањето на хипокризијата на медиумите, провоцирајќи и обезвреднувајќи го секое анти-естаблишмент движење. Грчките немири – и покрај напорите на популарниот дневен печат да ги презентираат како акт на слепо насилство на едно малцинство, кое е заинтересирано само да ги троши европските пари – се израз на генерален гнев против корупцијата на двете локални политички елити, и механизмот на Европската унија, кои поради своите интереси, отворено и насилно ја рушат граѓанската слобода. Овие нови елементи во политичкиот и општествениот живот на Грција, во принцип, имаат очигледно објаснување: неверојатното ширење на сиромаштијата е резултат на овие неолиберални политики. Овој феномен не е само грчки, не се однесува исклучиво само на јужна Европа (Португалија, Шпанија, Италија), но и во многу други земји (Ирска, Белгија, Велика Британија). Граѓаните на Европа треба да го видат грчкиот случај како предупредување, како лош знак, како своја мрачна блиска иднина, ако и тие не реагираат барајќи вистинска демократија.
Преиспитувањето на постоечките институции (политички, економски и социјални) се трансформира во селосно нивно отфрлање, надминување на побарувачката за нивно унапредување, рационализирање, или замена со други институции кои ќе се движат во истата рамка, како единствени противнички идеи. Се чини дека надминувањето на овој гнил систем и не само неговото соборување – е проект кој е свесно присвоен од страна на незначителен дел од оние кои даваат отпор – почна несвесно да влијае на многу тенденции на овој “бран” на социјален отпор, кој се формира во Европа. Ние не ги поддржуваме промените преку средствата на овој систем, па затоа не сакаме да се останеме заробени во светот на спектаклот. Ние ги одбиваме изборните процеси на претставничката демократија и предлагаме директна демократија.
За да се спротивставиме на сè, време е европските општества да делуваат колективно, преку приклучување во нова Европска мрежа на револуционерна акција. Преку отварање собранија на секој плоштад, во комуникација и интеракција со сите останати, граѓаните на Европа би можеле да се ослободат од овој механистички варваризам на неолиберализмот, донесувајќи заеднички одлуки кои ќе ги дефинираат нашите животи. Не како кредитори и должници, не како богатите и сиромашните, не како обвинителите и обвинетите, туку како рамноправни и слободни граѓани. Она што Европскиот парламент ни нуди во изобилно е експлоатација, деградирање, репресија, поделба и донесување на продуктот, од нашиот труд, во рацете на малиот број на алчни феудалци. Тие прават сè за да ја потиснат секоја реакција, но не можат да ја потиснат нашата страст за вистинска слобода.
Ајде да креираме, потоа, наша сопствена историја, револтирајќи против тоталитаризмот на цинизам и спектакл, против олигархијата на богатите. Време е за одржување на мирни, но одлучни акции низ цела Европа. Европа на луѓето, не на олигарсите и технократите, можно е ако се обидеме заедно и координирани. Во плоштадите и на улиците, вистинска демократија, човечката креација и комуникацијата може да се преродат. Без лидери и ментори. Ајде да станеме прегратка која ја подига својата тупаница. Да не живееме како робови.
URL: http://wp.me/pyR3u-a4x



